сабота, 27 јули 2024

Нова немирна ноќ на улиците на Париз (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Франција од вторникот ја тресат насилство, уништување и судири на граѓаните со властите по смртта на тинејџерот од арапско потекло кој за време на сообраќајна контрола го убил полицаец бидејќи одбил да сопре.

Француското министерство за внатрешни работи соопшти дека во текот на претходната ноќ низ земјата биле повредени над 40 полицајци, а биле уапсени повеќе од 700 луѓе.

Во Париз во текот на претходната ноќ голем број полицајци биле распоредени долж Елисејските полиња.

Од почетокот на протестите низ земјата се уапсени повеќе од 2.400 луѓе, главно малолетници.

Во претходните ноќи околу 45.000 полицајци биле распоредени низ земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ