четврток, 26 декември 2024

Нова криза во БиХ: министрите на босанските Срби ја блокираат државата поради посетата на Курти

И покрај договорот на лидерите на партиите на владејачката коалиција во Босна и Херцеговина до крајот на оваа недела на Советот на министри да се усвојат двата закони кои би го отвориле патот за пристапни преговори со Европската Унија, тоа нема да се случи бидејќи државата е во нова политичка криза, овој пат поради контроверзната посета на косовскиот премиер Аљбин Курти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лидерите на владејачките партии на состанокот во Мостар во понеделникот се договорија нивните министри да го поддржат предлог законот за границите и заштитата на личните податоци за Советот на министри да може да ги проследи на парламентот за усвојување.

Ако тоа се случеше имаше теоретска можност БиХ до крајот на годината да добие преговарачка рамка и со тоа да ја отвори можноста за почеток на пристапните преговори што Европскиот совет го одобри во март.

За тоа денес беше закажана вонредна седница на Советот на министри, но неа ја бојкотирале министрите поставени од лидерот на босанските Срби. Тоа го потврди министерот за надворешна трговија Сташа Кошарац кажувајќи дека во Република Српска се гневни бидејќи во неформална посета на Сараево доаѓа косовскиот премиер Курти.

Додик на таа најава реагираше луто, истакнувајќи дека посетата на Курти е провокација и непријателски чин за Србите, а Кошарац денес косовскиот премиер го нарече „бандит“.

„Курти е бандит кој организира напади на српскиот народ и Српската православна црква. И како таков човек можеме да дочекуваме тука?“, праша Кошарац истакнувајќи дека српските функционери ќе ја блокираат работата на властите на БиХ сè додека Курти е таму.

Босна и Херцеговина не го признава Косово.

Косовскиот премиер Курти во БиХ доаѓа првпат, а во Сараево би требало да се сретне со функционери на Федерацијата БиХ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ