Златен накит вреден околу два милиони денари бил украден вчера попладне од куќа на улицата Павле Аврамоски во Гостивар.
Според информациите од гостиварската полиција, кражбата се случила во периодот од 16 до 19 часот, додека домашните присуствувале на семејна свеченост.
По увидот било констатирано дека во куќата на И.З. (42) провалниците влегле со насилно отворање прозорец на приземјето од куќата. Потоа ја пребарале целата внатрешност и од комода во спалната соба одзеле црна женска чанта во која имало повеќе десетина парчиња накит, прстени, ѓердани, обетки, нараквици и златни пари.
Според сопственикот, вредноста надминува 15 илјади евра.
Пред неполна недела од куќа на истата улица беа украдени околу 15 илјади евра од сеф вграден во ѕид.
Нова кражба на злато во Гостивар
Објавено на
часот