„Ова не е ново издание, туку нова книга. Материјалот од старата е целосно преработен. Текстот е зголемен за 100 % и вклучува сосема нови теми. Има 12 глави наспроти 5 во претходната книга, 10 таблици наспроти 1 во претходната книга, 4 мапи и 6 илустрации наспроти ниедна во претходната книга“, изјави проф.д-р Стојко Стојков.
Книгата е планирана како прво издание во новата едиција на Комитетот за византологија и медиевистика на Македонија: Macedonia Byzantina.
Промотори на книгата се претседателот на Комитетот за византологија и медиевистика на Македонија проф.д-р Тони Филипоски и проф.д-р Александар Атанасовски.
Книгата се продава во книжарниците на „Матица македонска“.