понеделник, 15 април 2024

Нова изложба на уметникот Бојан Ковски – „Симбиоза“

Уметникот Бојан Ковски вечер во Музејот на Град Скопје, ќе ja отвори својата најнова изложба „Симбиоза” за која вели дека претсвува уникатен приказ на магична комбинација на човечкото тело и земјениот елемент.

Објавено на

часот

Сподели

„Симбиоза”, како што се наведува за изложбата, претставува продолжение на истражувањето на човечката форма од страна на Ковски, со преплетување од елементот земја. Изложбата вклучува впечатливи актови и портрети проткаени преку песок од пустините. Волшебното движење на сликите добива дополнителна магија од златото што е проткаено низ делата, создавајќи заводливо визуелено доживување за посетителите.

„Со текот на Симбиоза, секое дело се гради врз претходното, создавајќи комплексна и специфична структура. Истражувањето на Ковски на четирите основни елементи, особено на земјата, служи како метафора за сложеноста на животот и барањето на длабоки човечки конекции. Ковски ги поканува гледачите да се препуштат во визуелно патешествие што ги надминува традиционалните уметнички граници, поттикнувајќи размислување, интерпретација и почит кон без временските теми кои резонираат низ неговите дела. Изложбата ветува да биде славење на уметноста, човечноста и вечната врска помеѓу човечкото тело и елементите на земјата“, се посочува за постановката.

Бојан Ковски, е роден во 1993 година во Куманово. Дипломирал на Факултетот за уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2015 година. Уметникот активно се ангажира во создавање дела со масло на платно, развивајќи ја и својата посебна техника, Ковски Боди-уметност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ