сабота, 27 јули 2024

Нова хибридна операциона сала на Клиниката за кардиохирургија

Објавено на

часот

Сподели

Хибридната операциона сала овозможува хирургија со малку компликации, брз опоравок, кратка рехабилитација, таканаречена минимално инвазивна хирургија.
На Клиниката за кардиохирургија беше присутен и премиерот Димитар Ковачевски кој изјави: „Во центар на здравствените реформи секако се пациентите, тие заслужуваат најдобар, најсовремен, болнички третман, навремено лекување и рана дијагностика. 

Навистина се работи за најсовремена опрема, техника каде што се работи со најсовремени методи и благодарение на тоа нашите пациенти ќе добијат и услуга каква што се добива во западно европските држави. Ваквите процедури, покрај медицинската оправданост секогаш се преферираат од страна на пациентот. На тој начин тој побрзо се враќа на секојдневниот живот и во истовреме клиниката троши помалку средства во неговата рехабилитација. 

Здравјето на нашите граѓани е најважно, ништо не е повредно од тоа и затоа ништо нема да не поколеба да останеме посветени да овозможиме да најсовремени услови за лекување.
Како Влада имаме одговорност да се грижиме за пациентите и за здравствените работници и ние ќе продолжиме да го правиме тоа
“, рече Ковачевски.

Тој упати благодарност до амбасадата на Јапонија и до амбасадорот Оцука Казуја, за донацијата на бронхоскоп, апарат што на Клиниката за кардиохирургија ќе се користи и во операциона сала и во интензивна нега.

Директорот на клиниката, професор доктор Сашко Јовев, рече дека им е чест што се домаќини при отворањето на прва ваква сала во државата и пошироко и ставањето во употреба на апаратот за долготрајна вонтелесна срцева и белодробна поддршка. Тој нагласи дека работат сѐ што се работи во моментов во светот од областа на нивната субспецијалист, имаат знаење, искуство, тимска работа, најсофистицирана опрема.

„Нашиот народ добива нови модалитети за третман на најтешките и најчестите заболувања. Клиничкиот кампус поголема сигурност. А државата, ултрамодерна клиника“, нагласи тој, осврнувајќи се и на други програми што ги работат и упатувајќи благодарност до стручниот тим на клиниката, Светска банка и Фондот за здравствено осигурување, министерот за здравство.

Задоволство од отворањето на првата хибридна сала во државава, изрази и јапонскиот амбасадор.

„Мило ми е што бронхоскопот, донација од народот на Јапонија, ќе се користи тука“, додаде Оцука Казуја, осврнувајќи се на поддршката што континуирано ја даваат низ годините.

Кристијан Бундовски, специјализант по васкуларна хирургија, во изјава за МИА истакна дека ова е прва ваква сала во државата. Многу е значајна, бидејќи кардиоваскуларните заболувања се водечки по смртност во светот, неопходно е нивно брзо решавање, без да се губи време. Во оваа сала, ќе работи заедно со професорот Сашко Јовев, директорот, кардиохирург и со доктор Никола Лазовски, васкуларен хирург. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ