сабота, 19 октомври 2024

Нова германска фабрика за литиумски батерии и 700 нови вработувања

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска најави нова германска инвестиција за производство на литиумски батерии, во вредност од 65 милиони евра и 700 нови вработувања „Да, веќе утре после напорна двомесечна работа и отстранување на сите оние недостатоци, коишто се акумулирале во месеците наназад, ќе имаме поставување на нов камен темелник на компанија којашто доаѓа од Германија“, најави Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот, ќе биде намалена разликата односно дефицитот помеѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува бруто домашниот производ. Така што еве да почекаме до утре, па македонската јавност ќе биде сведок утре“, соопшти премиерот Мицкоски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ