сабота, 19 октомври 2024

Нова филијала на Прокредит банка во скопски Аеродром

По реновирањето на неколку постоечки филијали и отворањето на нови филијали низ Македонија, Прокредит банка ја збогатува и својата мрежа во Скопје. Отсега клиентите на банката ќе можат да ги користат сите дигитални поволности, како и стручните совети од Прокредит тимот во населбата Аеродром, на булеварот Јане Сандански бр.109 А.

Објавено на

часот

Сподели

Новата филијала располага со модерен дизајн и нуди современо банкарско искуство во кое било време, без чекање ред за шалтер, благодарение на 24/7 Зоната. Современите банкомати нудат можност за уплата и исплата на денари и евра, внесување на дневен промет, како и користење на drop box сеф за депонирање на поголеми суми на средства за бизнисите коишто имаат потреба од оваа услуга.

Од  Прокредит велат дека продолжуваат со стратегијата за овозможување лесен и флексибилен пристап на клиентите до услугите на банката како и модернизација на својата мрежа со цел унапредување на дигиталните канали и персонализираното искуство на клиентите.

„Целта на оваа иницијатива за проширување на нашата мрежа е да понудиме уште поголема достапност на нашите современи дигитални услуги, како и достапност до тим од посветени професионалци кои се тука да споделат стручни финансиски насоки, поддршка и брза услуга за сите банкарски потреби на нашите клиенти.

Модернизацијата на нашите филијали не само што го подобрува целокупното офлајн корисничко искуство на клиентите, туку придонесува и за попродуктивна и поудобна работна средина за нашите вработени, поттикнувајќи поголема ефикасност и задоволство од работата во банката“,  велат од Прокредит Банка.

Сите информации за услугите коишто се достапни во 24/7 Зоните на банката се достапни на веб страницата ProCredit Bank – Зона 24/7 (pcb.mk).

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ