сабота, 19 октомври 2024

Нова ера на Самсунг правосмукалки: Неверојатна ефикасност и леснотија при чистењето на домот

Објавено на

часот

Сподели

Заборавете на буката и на гајтаните вклучени во струја додека чистите, а садот за прашина каде што се собира прашината и нечистотиите „за час“ ќе го испразните и ќе биде како нов и спремен за повторна употреба. Заборавете и на долгото чистење на подот, бидејќи моќта на вшмукување на Самсунг правосмукалките веднаш ги собира и најситните трочки и прашинки од вашите теписи и сите подни површини, дури и од оние за кои мислите дека се тешко достапни.

с

Bespoke Jet – моќна и супер-модерна правосмукалка на полнење

Беспрекорниот дизајн на Bespoke Jet правосмукалката ќе се вклопи во секој простор, а благодарение на неверојатната All-in-one Clean Station, домот секогаш ќе биде беспрекорно чист. Колку и да звучи неверојатно дека длабинското чистење нема да ви одземе повеќе од 1 час, сепак тоа е сосема изводливо. Со моќ на вшмукување до 210 W генерирана од моторот Digital Inverter, аеродинамичниот дизајн на воздушниот систем кој го оптимизира протокот на воздухот, и мулти-циклонската филтрација која ги собира и најситните честички прашина – сето ова спакувано во совршена правосмукалка со долготрајна батерија која работи цел час без прекин. Секако, таа може и да се отстрани за да се замени со резервната, доколку постои потреба да продолжите со чистењето. Целата работа која досега била тешка, ќе ви ја заврши оваа правосмукалка, садот за прашина го празни ефикасно со помош на Air Pulse технологијата и собира 99,999% од ситната прашина за максимална хигиена во вашиот дом. На LCD дигиталниот екран на правосмукалката сé ќе ви биде на увид: нивото на вшмукување, до каде сте со батеријата, дури има и предупредувања за потенцијални проблеми.

Зачудувачки е каде сé низ домот, и колку бргу се наталожува прашина – по ќошевите, позади комодата, под фотелјата, дури и на места повисоките места на полиците или врз плакарот кои не ви се видно поле. Но, бидете грижи бидејќи моќните перформаси на стик правосмукалката на Самсунг, со една рака и со леснотија ќе ги користите поради нејзината неверојатна тежина од само 1,44кг.

Лесна за држење и кога длабински чистите површини на висина, оваа правосмукалка е опремена со повеќеслојна Jet Dual Brush четка, четка со тенок валјак Jet Dual, помошен држач, како и со флексибилни алатки, алатка за комбинирање и алатка за продолжување на тесните отвори, како и со алатка за миленици за хигиена во вашиот дом доколку во него живее и милениче. А тука се и прскачкиот ротирачки чистач и тенката акциска четка кои ви се на располагање дополнително да ги купите. Кога станува збор за батеријата која непрекидно може да работи еден час, добивате една вградена и една помошна со исто толкава минутажа на работа без прекин.

р

Bespoke робот правосмукалка – од научна фантастика право во реалноста

Колку пати сте посакувале некој или нешто да може да ги чисти подните површини на вашиот дом наместо Вие? Самсунг ви ја исполнува и оваа желба со робот правосмукалката во вештачка интелигенција која препознава предмети.

Функцијата Smart Cleaning која интегрира препознавање на предмети со AI, 3D и LiDAR сензорите, ќе овозможи вашата Jet Bot AI+™ робот правосмукалка да избегнува предмети кои се на подот додека истовремено темелно ги отстранува прашината и нечистотијата од површините. Првата роботска правосмукалка во светот која има Intel AI и ги препознава и класифицира предметите на подот на кои наидува, и воедно проценува и избегнува предмети кои се лесно кршливи, додека безбедно и ефикасно чисти околу апаратите и мебелот. Моќното вшмукување, високоефикасната четка која чисти различни видови на подови, како теписи и под од тврдо дрво, и сензорот кој прецизно го оптимизира движењето на оваа робот правосмукалка, се само дел од извонредните карактеристики на овој иновативен апарат по кој чезнее секој дом. По чистењето роботската правосмукалка автоматски се враќа до својата Clean Station, а исто така можете да селектирате кои простории во домот да ги чисти со опцијата Select&Go, како и простории забранети за чистење преку апликацијата SmartThings во која ќе креирате „зони на забранет пристап“. И како шлаг на тортата, тука е и опцијата далечински да ја контролирате вашата робот правосмукалка преку wi-fi од вашиот телефон, со тоа што ќе ѝ организирате кои простории да ги чисти, а кои не. Исто така, со помош на функцијата Jet Live можете во реално време да следите каде правосмукалката чисти додека сте излезени, како и да проверувате што се случува во домот.

Сега е вистинското време да набавите правосмукалки од иднината!

Неретко се случува откако сте завршиле со чистењето, да забележите како честички прав летаат насекаде на сончевите зраци што се пробиваат низ прозорецот. Запрашајте се – можеби е сега вистинското време за дополнителна енергија во чистењето, за да ја заштедите вашата за поубави нешта. Во тек е промотивна акција за одредени модели на Jet правосмукалки и добијте дополнителна батерија на подарок, како и гаранција до 3 години. Акцијата трае до 5 јули, односно до завршување на залихите.

                                                                                                                                                  Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ