сабота, 27 јули 2024

Нова ботаничка градина се подготвува во ЗОО Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Предвидено е во градината да има автохтони видови растенија кои се природно распространети во Македонија, како и алохтони видови, односно растенија внесени однадвор. Исто така, ќе има и ендемични растенија специфични само за Македонија.

Подигнувањето на Ботаничката градина ќе биде од исклучително значење за граѓаните љубители на природата и на природните науки, бидејќи на едно место посетителите ќе може да ги видат содржините на Природно-научниот музеј, Зоолошката и на новата Ботаничка градина.

Реализацијата на овој проект е дел од програмата За модерно Скопје, за подигнување нови зелени површини, затоа што Скопје  и неговите граѓани заслужуваат модерни и еколошки содржини кои ќе придонесуваат за унапредување на животната средина“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ