Ова е трета Лукоил бензинска станица во регионот, која е лоцирана на експресниот пат А3 Кочани – Штип. Новата бензинска станица се наоѓа на улицата „Мите Стојчев” бр.41 Тркање.
Бензинската станица е повеќенаменски комплекс изграден според корпоративниот стил на компанијата. Потрошувачите ќе може да се снабдат со висококвалитетното гориво ЕКТО кое е економично и со подобрени еколошки својства. Достапен е и ТНГ- автоплинот, како и маслата од палетата на Лукоил.
Бензинската станица во Кочани е 36-та по ред во Македонија. Во рамките на бензинската работи и маркет со широк асортиман на производи.
„Продолжуваме со ширење на својата мрежа и со поставување на стандардите за врвно корисничко искуство во нафтената индустрија. Создаваме квалитетни и долгорочни врски со своите клиенти бидејќи знаеме што е потребно кога си постојано во движење. Токму затоа секогаш внимаваме на деталите. За нас е важно какво искуство ќе понесете со себе кога продолжувате напред“, велат одговорните од Лукоил.