петок, 25 октомври 2024

Нова анкета: Камала Харис тесно води пред Трамп во речиси сите клучни држави

Според анкета објавена денеска, потпретседателката Камала Харис води пред поранешниот претседател Доналд Трамп во пет клучни сојузни држави, пренесува Хил.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Анкетата покажа дека Харис стои подобро од Трамп откако во мај беше спроведено последното истражување на Свинг стејт проџект, кога претседателот Бајден беше претпоставениот демократски кандидат за Белата куќа.

Според истражувањето спроведено последниве денови, Харис сега е тесно пред Трамп во пет клучни држави и е изедначена со Трамп во Џорџија. Трамп води единствено во Невада, но Харис таму ја намалила разликата за 6 поени од последната анкета спроведена во мај.

Во мај 2024 година, пред Бајден да се откаже, Трамп имаше предност пред него во шест држави, додека во една беа изедначени. Оттогаш, се чини дека има голема промена во размислувањето на американските гласачи, во корист на Камала Харис.

Истражувањето од Кук политикал рипорт свинг стејт проџект покажа дека Харис има вкупно 1 поен предност пред Трамп во клучните држави Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин. Во седумте клучни држави таа има 48 отсто поддршка, Трамп има 47 отсто, а 5 отсто од испитаниците рекле дека се неопределени или дека нема да гласаат.

Под услов Трамп и Харис да ги освојат сите предвидени сојузни држави, на Харис би ѝ било доволно да победи во Пенсилванија, Висконсин и Мичиген за да ги достигне потребните 270 електорски гласови за да победи на изборите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ