сабота, 27 јули 2024

Нов земјотрес во Јапонија

Епицентарот на земјотресот бил во областа на префектурата Ишикава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја погоди денеска јапонската префектура Ишикава, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Епицентарот на земјотресот бил во областа на префектурата Ишикава, на длабочина од 10 километри, јавува агенцијата Кјодо.

Не е издадено предупредување за цунами.

Јапонската префектура Ишикава на 1 јануари ја погоди многу силен земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтер, во кој загинаа повеќе од 220 луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ