сабота, 21 декември 2024

Нов Зеланд за прв пат од Втората светска војна загуби воен брод (ВИДЕО)

Воената морнарица на Нов Зеланд го загуби својот прв брод на море по Втората светска војна, откако еден од нејзините бродови се насука во близина на брегот на Самоа, а министерката за одбрана Џудит Колинс го опиша инцидентот како „тажен ден за морнарицата“, јавува Би-би-си.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Специјализираниот брод за нуркање и снимање на океанот „Манавануи“ наиде на проблеми додека истражуваше гребен во близина на островот Уполу во саботата навечер по локално време и подоцна се запали пред да се преврти.

Сите 75 лица од бродот се безбедно евакуирани во чамци за спасување и спасени рано денеска, соопшти Министерството за одбрана на Нов Зеланд.

Официјални лица рекоа дека причината за потонувањето е непозната и дека истрагата е во тек. Инцидентот се случил за време на бурно и ветровито време.

Воени претставници рекоа дека спасувачите „се бореа“ со струите и ветровите што ги туркаа сплавовите за спасување и морските чамци кон гребените, а брановите ги правеа напорите за спасување „предизвикувачки“.

Дејв Пул, беше сведок на пожарот на бродот, изјави за Ројтерс: „Кога влеговме во заливот го видовме бродот и немаше чад. За 15 минути, оган и чад беа видливи. Набрзо потона“.

„Манавануи“ е првиот од поморските бродови на Нов Зеланд кој ненамерно е потопен откако земјата учествуваше во поморските битки за време на Втората светска војна.

Воени претставници рекоа дека нивните напори сега се свртени кон обидот да го спасат бродот и да го минимизираат влијанието од потонувањето врз животната средина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ