Возило регистрирано во Русија само еднаш ќе може транзитно да мине низ Летонија, а пред влегувањето во земјата возачите мора да дадат податоци за возилото и да кажат колку време ќе биде во земјата. Притоа, во Летонија не смеат да бидат подолго од 24 часа.
Доколку се открие кршење на правилата, летонските власти можат да го запленат возилото, а покрај казната од 750 до 2.000 евра, предвидено е запленетите автомобили да се испратат во Украина.
Возачите на автомобили со руски регистарски таблички беа известени за оваа мерка во ноември минатата година и имаа рок до 14 февруари годинава да ги регистрираат возилата во Летонија. Исклучок се само дипломатските возила и другите кои имаат имунитет во согласност со меѓународните правила.