сабота, 27 јули 2024

Нов воен договор меѓу Австралија и Обединетото Кралство

Австралија и Обединетото Кралство денеска потпишаа нов договор за соработка во областа на одбраната и безбедноста, со што на нивните сили им се олеснува заедничкото дејствување во двете земји.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Договорот предвидува двете страни да се консултираат во непредвидени ситуации кои влијаат на суверенитетот и регионалната безбедност на двете земји, пренесува Ројтерс.

Австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс изјави во Канбера дека договорот додаде стратешка димензија на партнерството на двете земји, истакнувајќи дека Велика Британија има поголемо присуство во Индо-Пацификот од претходно.

Марлс истакна дека Британија ќе придонесе во изградбата на подморниците во Австралија, што е олеснето со новиот договор, како и дека ќе придонесе во Комбинираниот разузнавачки центар во Австралија, во рамки на Австралиската одбранбена разузнавачка служба.

Минатата недела британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон заедно со министерот за одбрана Грант Шепс одржаа годишни разговори со своите колеги во Аделаида, а медиумите тогаш објавија дека британска компанија ќе биде изведувач во изградбата на нуклеарна подморница во рамки на договорот АУКУС, трилатералното безбедносно партнерство за Индо-пацифичкиот регион меѓу Австралија, Обединетото Кралство и Соединетите Држави.

Тоа партнерство вклучува, меѓу другото, британска и американска помош за Канбера во изградбата на подморници на нуклеарен погон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ