сабота, 27 јули 2024

Нов украински напад на Белгород, има загинати

Далновод и повеќе од дваесетина куќи биле оштетени во најновиот украински воздушен напад врз градот Белгород, а руските воздушни сили уништиле 25 проектили над поширокиот регион Белгород, соопштија руските власти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Има една жртва – жена со шрапнел е погодена во ‘рбетот“, изјави Вјачеслав Гладков гувернерот на јужниот руски регион Белгород, кој граничи со Украина, на апликацијата за размена на пораки Телеграм.

Тој рече дека се оштетени околу 24 куќи и далновод. Руските системи за противвоздушна одбрана уништиле 25 ракети лансирани од Украина од повеќе ракетните системи РМ-70 Вампир (МЛРС), објави руското Министерство за одбрана на Телеграм.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите.

Украинските напади на Белгород повторно се интензивираа во последните месеци, а според Русија, овие напади станаа посмртоносни. Петнаесет лица загинаа, а десетици беа повредени во неделата кога делови од станбена зграда се урнаа откако на нив паднаа остатоци од проектили, соопштија руските власти.

И Украина и Русија велат дека не гаѓаат цивили во војната што избувна кога Русија го нападна својот помал сосед во февруари 2022 година, во она што Москва го нарече „специјална воена операција“.

Илјадници луѓе се убиени во војната, милиони се раселени, а украинските градови се претворени во урнатини. Киев вели дека таргетирањето на руската воена, транспортна и енергетска инфраструктура ги поткопува воените напори на Москва и е одговор на безбројните смртоносни напади на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ