сабота, 27 јули 2024

Нов удар за Русија: Ерменија размислува да аплицира за членство во ЕУ

Ерменија размислува да поднесе барање за членство во Европската Унија, изјави денеска министерот за надворешни работи Арарат Мирзојан.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за турската телевизија ТРТ, на маргините на неодамна одржаниот Дипломатски форум во Анталија, тој рече дека во Ерменија нашироко се разговара за многу нови можности и додаде дека „не е тајна ако каже дека тоа вклучува членство во ЕУ“.

Откако дојде на власт во 2018 година, ерменскиот премиер Никол Пашинјан ги продлабочи врските на земјата со Европа и САД, предизвикувајќи тензии со традиционалниот ерменски сојузник Русија, пренесува Ројтерс.

Официјален Ереван постојано најавуваше дека сојузот со Москва не се протега на војната во Украина, додека Пашинјан ја обвини Русија дека сака да ја поткопа неговата влада.

Ерменија ја обвинува Русија дека не ја одбранила од долгогодишниот ривал Азербејџан за време на последниот конфликт во регионот Нагорно-Карабах, што ги принуди повеќето етнички Ерменци да ја напуштат спорната територија. Азербејџан, поранешна советска република, политички се приближува кон Москва во последните години, според Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ