сабота, 1 март 2025

Нов трипл-дабл на Јокиќ, Дончиќ и Леброн владеат во Лос Анџелес (ВИДЕО)

Денвер со убедливи 134-119 победи на гостувањето кај Детроит, а Никола Јокиќ запиша уште еден трипл дабл, Лејкерс со 106-102 го доби дербито на Лос Анџелес против Клиперс, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс беа најдобри на теренот.

Објавено на

часот

Сподели

Никола Јокиќ беше дури четврти стрелец во Денвер на мечот против Детроит, но имаше одличен трипл-дабл, постигна 23 поени, имаше 17 скокови и 15 асистенции.

Поефикасни од него беа Мареј со 31 поен, Портер со 28 и Браун со 23. Најефикасен кај Детроит беше Бисли со 16 поени.

Лука Дончиќ го одигра првиот меч за Лос Анџелес Лејкерс на кој постигна 30+ поени, тој даде 31 поен и беше најефикасен на мечот. Леброн Џејмс имаше 28 поени и 13 скокови.

ЛА Лејкерс го победи ЛА Клиперс со 106-102, а за гостите најдобар беше Зубац со 27 поени и 16 скокови.

Резултати:

Детроит – Денвер 119-134
Атланта – Оклахома 119-135
Бостон – Кливленд 116-123
Бруклин – Портланд 102-121
Чикаго – Торонто 125-115
Мемфис – Њујорк 113-114
Мајами – Индијана 125-120
Феникс – Њу Орлеанс 125-108
Јута – Минесота 117-116
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 106-102

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ