сабота, 27 јули 2024
НБА

Нов трипл-дабл на Јокиќ, втора победа за Денвер над Лејкерс (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Денвер максимално го искористи домашниот терен во воведниот дел од серијата против Лејкерс и поведе со 2-0. 

Тоа беше тесен дуел во кој Лејкерс водеше во голем дел од натпреварот, а Денвер со серија тројки во последниот период дојде до пресврт и на крајот победи со 108-103.

Никола Јокиќ запиша уште еден трипл-дабл откако постигна 23 поени, имаше 17 скокови и 12 асистенции. Најдобар стрелец кај Денвер беше Џемал Мареј со 37 поени, имаше и 10 скокови. 

На Леброн Џејмс му недостасуваше скок за трипл-дабл, постигна 22 поени, имаше 10 асистенции и девет скокови. 22 поени кај Лејкерс имаше и Ривс.

Серијата сега се сели во Лос Анџелес каде се играат следните два меча.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ