сабота, 27 јули 2024

Нов трговски центар во Аеродром

Објавено на

часот

Сподели

Изградба на нов трговски центар со апартмани „Сити мол резиденс“, инвестиција во вредност од 35 милиони евра, почна денеска во општината Аеродром.

Објектот ќе биде лоциран спроти трговскиот центар „Бисер“. Ќе се протега на површина од 35 илјади квадратни метри од кои 12 илјади ќе зафаќа трговскиот центар, осум илјади ќе бидат апартманско сместување, а останатите се предвидени како простор за гаражи.

Во трговскиот центар е планирано да бидат изградени две модерни 3Д-киносали, а според најавите на инвеститорот, ќе бидат присутни и повеќе светски брендови од кои некои за првпат со свои продажни салони во Македонија. Нови брендови се најавени и во делот на рестораните, а објектот ќе располага и со фитнес-центар.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ