Еден од овие случаи е дел и од билтенот на МВР: „Во СВР Скопје Ф.Д. (32) од село Пакошево, Општина Зелениково, пријавил дека по завршување на часовите, во близина на основното училиште во село Зелениково, Скопско, неговиот осумгодишен син добил тешка телесна повреда при игра со соучениците. Повредата е констатирана во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот“.
Во нов предизвик на Тикток, „Супермен“, повредени десетина ученици
Во последните три дена само во болницата „Св.Наум Охридски“ во Скопје примени биле десетина средношколци повредени како резултат на ризичниот Тикток предизвик „Супермен“.
Објавено на
часот
Сподели
Лекарите велат дека ваквите предизвици се многу опасни и повредите може да бидат со многу потешки последици за здравјето на децата.