Клучна беше првата четвртина која Естонија ја доби со неверојатни 25-7. Потоа домаќините до крајот на мечот само ја одржаваа високата предност за на крајот да слават со 83-59.
Најдобар во составот на Македонија беше Војдан Стојановски со 12 поени, Шортс реализираше еден поен помалку. Најдобар кај Естонија беше Триер со 14 поени.
Со овој пораз Македонија ги загуби реалните шанси за едно од првите две места на турнирот во Талин. Математика се уште постои, но таа е далеку од реалноста. Во последното коло ние треба да ја совладаме Чешка со најмалку 45 поени разлика, а Естонија да загуби од Израел.