петок, 26 јули 2024

Нов пораз на Пелистер во ЛШ, битолчани загубија од Кил

Пелистер доживеа очекуван пораз во Лигата на шампионите откако со 29-23 загуби на гостувањето кај лидерот во групата, Кил.

Објавено на

часот

Сподели

12 натпревари и исто толку порази за Пелистер во Лигата на шампионите.

Битолскиот тим денеска имаше ужасно прво полувреме кое го загуби со 19-10, во продолжението од мечот се избори за попристоен пораз.

Вториот дел го доби Пелистер со 13-10, па конечниот резултат гласеше 29-23.

Радивојевиќ со шест голови беше најефикасен кај Пелистер, за Германците Елефсен даде седум погодоци.

Следниот меч за Пелистер во Лигата на шампионите е на 28. февруари, тогаш во Битола гостува Алборг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ