12 натпревари и исто толку порази за Пелистер во Лигата на шампионите.
Битолскиот тим денеска имаше ужасно прво полувреме кое го загуби со 19-10, во продолжението од мечот се избори за попристоен пораз.
Вториот дел го доби Пелистер со 13-10, па конечниот резултат гласеше 29-23.
Радивојевиќ со шест голови беше најефикасен кај Пелистер, за Германците Елефсен даде седум погодоци.
Следниот меч за Пелистер во Лигата на шампионите е на 28. февруари, тогаш во Битола гостува Алборг.