сабота, 19 октомври 2024

Нов напад во Белград: Поранешна ученичка во училиште со нож нападнала ученик и наставничка

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска околу 13 часот, поранешна ученичка (15) од гимназијата „Руџер Бошковиќ“ дојде во посета на своја другарка која го посетува нашето училиште. Откако поранешната ученичка го поминала обезбедувањето и пријавила дека дошла во посета на другарка, поминала извесно време во училиштето без никакви индикации дека може да дојде до инцидент.

„За време на мал одмор, помеѓу два часа, поранешната ученичка ненадејно во ходникот на гимназијата извадила кујнски нож што го сокрила кај себе, одзади му пришла на ученикот (15) и го прободела во пределот на рамото. Ученикот се здобил со полесна физичка повреда“, се вели во соопштението од училиштето.

Тројца наставници кои биле присутни во ходникот веднаш реагирале и ги заштитиле присутните деца, а при одземањето на ножот на поранешната ученичка, една наставничка се здобила со две расекотини, информираат од училиштето.

„Веднаш притрчал работник од обезбедувањето кој ѝ ја ограничил слободата на движење на поранешната ученичка. Во истиот момент била повикана полиција и брза помош, кои многу брзо пристигнале на местото на настанот. Полицијата ја привела поранешната ученичка, а на повредените им била укажана лекарска помош.

„Откако лекарите констатирале полесна физичка повреда на ученикот и расекотини кај наставничката, тие се пуштени во своите домови“, пишуваат од училиштето, додавајќи дека во најкраток можен рок ги презеле сите неопходни мерки и ги известиле родителите. Тие изразија жалење за инцидентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ