сабота, 27 јули 2024

Нов напад со дрон на руската рафинерија Илскиј, избувна пожар (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

И руската новинска агенција РИА Новости јави за нападот во кој нема жртви и додаде дека пожарот е изгаснат. Засега не е јасно кој стои зад инцидентот.

 

 

Украинските власти обично не преземаат одговорност за таквите напади на руска територија. Рафинеријата Илскиј во близина на црноморското пристаниште Новоросијск во покраината Краснодар има капацитет за преработка од околу 6,6 милиони тони годишно.

Станува збор за напад втор ден по ред, бидејќи дел од погонот на рафинеријата Илскиј се запали по напад со дрон во четвртокот вечерта, како што пренесоа агенциите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ