сабота, 27 јули 2024

Нов напад на китови убијци кај шпанскиот брег, уништија едрилица

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во раните утрински часови група орки ја пробиле крмата и трупот на брод кој пловел кон Гибралтар. Четиричлениот екипаж ги повикал шпанските власти на помош, изјави портпаролот на спасувачката служба.

Спасувачите со брод и хеликоптер побрзале на помош на екипажот на 20-метарскиот брод „Мустик“, кој пловел под британско знаме. После тоа, тој бил закотвен во пристаништето Барбате во провинцијата Кадиз за поправка.

Според истражувачката група ГТОА, која ги следи популациите на ибериските орки, инцидентот следи по најмалку 20 интеракции само во Гибралтарскиот теснец помеѓу мали бродови и овие морски предатори. Во 2022 година, пријавени се 207 интеракции, покажуваат податоците на ГТОА.

На почетокот на мај, едрилицата Алборан Шампањ доживеа слична судбина кога се судри со три орки на половина наутичка милја од Барбата. Бродот не можел да се закотви бидејќи бил целосно поплавен, па бил оставен да потоне.

Според инструкциите на шпанското Министерство за транспорт, секогаш кога бродот ќе забележи каква било промена во однесувањето на орките, ненадејна промена на правецот или брзината, треба да ја напушти областа што е можно поскоро за да се избегне дополнително вознемирување на животните.

Секоја интеракција помеѓу брод и орка мора да се пријави кај властите, додаде министерството. Иако се познати како китови убијци, заштитените орки се дел од семејството на делфини. Возрасните животни можат да достигнат должина од осум метри и да тежат до шест тони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ