сабота, 27 јули 2024

Нов меч, нов пораз за Пелистер во Лигата на шампиони

Објавено на

часот

Сподели

Пелистер денеска беше рамноправен само на почетокот од мечот, беше 3-3 кога Кјелце направи серија од 5-1 и поведе со 8-4. На полувремето беше 18-13 за полскиот тим.

Во вториот дел Кјелце дојде до двоцифрена предност која без проблем ја одржа до крајот на мечот за победа од 35-25.

Најефикасен кај Пелистер беше Цехте со седум голови, Пешевски постигна пет, во составот на Кјелце седум гола даде Трастарсон.

Во следното коло Пелистер го пречекува Загреб, тој меч се игра на 7. декември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ