сабота, 27 јули 2024

Нов масовен напад со беспилотни летала на Киев

Објавено на

часот

Сподели

Русија „повторно го нападна Киев од воздух“, напиша на Телеграм Серхи Попко, шеф на цивилната и воената администрација на Киев, додавајќи дека воздушната тревога во градот траела повеќе од три часа. „Според првичните информации, во овој масовен напад учествуваа дронови од типот Шахид“, рече тој.

„Ангелите чувари на Украина не му дадоа шанса на агресорот. Сите воздушни цели што летаа кон Киев беа соборени од нашата противвоздушна одбрана“, рече тој. Сличен напад на градот имаше и пред четири дена, потсети Попко, кој наброја дванаесет офанзиви на градот во мај.

Во текот на ноќта, воздушната тревога беше прогласена и во други градови, вклучувајќи го Харков на исток и Черновци на запад, соопштија властите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ