сабота, 27 јули 2024
Тренерот на Барса го крена гласот против судиите

Нов контроверзен момент на „Ел класико“, Чави вели: Не можеме повеќе да молчиме, ова е срамота!

Тренерот на Барселона, Чави не го криеше незадоволството од судиските одлуки по новиот контроверзен момент на „Ел класико“ и голот на Ламине Јамал кој не беше признат.

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид синоќа со 3-2 ја совлада Барселона со погодок во 91. минута и направи значаен исчекор кон титулата во Ла Лига.

Но главна тема по крајот на мечот беше контроверзниот момент од првиот дел, кога по еден корнер, Ламине Јамал ја усмери топката на поблиската статива, а Лунин во последен момент интервенираше на гол линијата.

Ла Лига нема технологија на гол линијата, па судијата не доби известување на часовник дали топката со цел обем ја минала линијата, а откако ВАР неколку минути ја анализираше ситуацијата, не најде доволно елемeнти да ја преиначи одлуката на терен, која беше дека нема гол.

„Сите видоа што се случи, можат слободно да ме казнат. Снимките јасно покажуваат. Бевме подобри од Реал Мадрид вечерва и заслуживме да освоиме три бода“ – рече Чави.

„Срамота е тоа што нема технологија на гол линијата… Вчера ме прашавте за судијата, а јас изразив надеж дека тој ќе биде невидлив и ќе носи исправни одлуки. Па, ништо од ова не се случи. Срамота, не можеме повеќе да молчиме. Чувствувам голема неправда. Натпреварот не беше фер. Не сакам никого да лажал, особено не навивачите“.

„Доколку се промовираме како најдоброто првенство во светот, не смееме да дозволиме вакви работи да ни се случуваат, мора да има технологија на гол линијата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ