недела, 20 октомври 2024
Голем интерес за фудбалерот од средниот ред

Нов клуб загриза за Барди, Валенсија го сака Македонецот на позајмица

Објавено на

часот

Сподели

Енис Барди често е дел од трансфер шпекулациите, неколку клубови внимателно ја следат ситуацијата на Македонецот.

Пред неколку дена се пишуваше дека Торино доставил понуда до Трабзонспор да го позајми Енис Барди со опција за перманентен трансфер следното лето.

Потоа се појавија информации дека Жирона и Осасуна пројавуваат интерес за фудбалерот од средниот ред, а последните гласини велат дека уште еден шпански клуб се приклучува во трката.

Станува збор за поранешниот шампион Валенсија, популарните лилјаци сакаат да го донесат Енис Барди на позајмица до крајот на сезоната.

Играчот добро го познава градот откако пет години живееше во Валенсија додека го носеше дресот на ривалот Леванте.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ