сабота, 27 јули 2024

Нов кикс на Јувентус во Серија А, Влаховиќ за 30 секунди доби два жолти картони

Тимот на Масимо Алегри ја продолжи лошата форма во која се наоѓа откако одигра без голови против Џенова во Торино.

Објавено на

часот

Сподели

Јувентус ја имаше иницијативата, но одигра лош меч, сепак и покрај таквата игра двапати ја погодија стативата од голот на Џенова. Не успеаа да го најдат патот до мрежата на противникот, мечот заврши 0-0.

Во судиското продолжение Влаховиќ за 30 секунди успеа да добие два жолти картони, првиот поради прекршок, вториот поради приговор. Тој нема да настапи на дербито против Лацио во следното коло на Олимпико.

Јувентус има само една победа на последните седум натпревари во Серија А.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ