сабота, 27 јули 2024

Нов извештај за силувања во Католичката црква: 150 свештеници злоставувале 600 деца

Објавено на

часот

Сподели

Во извештајот се наведени сериозни обвинувања против надбискупијата, најстарата римокатоличка епархија во земјата, која покрива поголем дел од Мериленд. Во некои парохии, училишта и заедници имало неколку активни злоставувачи во исто време. На пример, 11 злоставувачи живееле и работеле во парохијата Сент Марк во Катонсвил помеѓу 1964 и 2004 година. Еден свештеник признал дека злоставувал повеќе од 100 деца.

Јавниот обвинител на Мериленд рече дека бројот на жртвите веројатно е многу поголем.

Балтиморскиот архиепископ Вилијам Лори им се извини на жртвите и рече дека извештајот „опишува едно време за осуда во историјата на оваа надбискупија; време што нема да се заташка, игнорира или заборава“.

Жртвите на злоупотреба рекоа дека било потребно предолго да се објави ваков извештај со кој во јавноста се изнесоа срамните обвинувања со кои се соочува црквата со децении, вели Асошиејтед прес.

Мрежата на жртви на злоупотреба од свештеници, позната како СНАП, забележа дека во извештајот се наведени повеќе имиња на насилници отколку што јавно објавиле официјалните лица на надбискупијата. Организацијата го повика архиепископот да ја објасни недоследноста.

Во извештајот, исто така, се вели дека црковните водачи се фокусирале на прикривање на злоупотребата наместо на заштита на жртвите. Во некои ситуации, жртвите злоупотребата ја пријавиле кај свештеници што и самите биле злоставувачи. Во документот од речиси 500 страници има многубројни примери на црковни власти што ги штитат обвинетите свештеници, на пример, дозволувајќи им да се пензионираат предвремено или да бидат префрлени во други парохии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ