среда, 29 мај 2024

Нов инцидент со авион на Боинг: слетал на аеродромот во Истанбул без преден трап (ВИДЕО)

Товарен авион „боинг“ на Федекс слетал денес на аеродромот во Истанбул без активиран преден трап и успеал да остане на пистата, соопшти турското министерство за сообраќај додавајќи дека нема жртви.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Авионот боинг 767, кој летал од парискиот аеродром Шарл де Гол, ја известил контролата на летање во Истанбул дека неговиот преден трап не се активирал и слетал со наведување од контролната кула, се наведува во соопштението. Спасувачките и пожарникарските тимови на аеродромот ги извршиле потребните подготовки на пистата пред слетувањето, а повредени немало, се додава без да се наведе причината за дефектот.

На снимката се гледа како околу авионот летаат искри и се шири чад додека предниот дел на леталото струга по пистата пред да биде испрска со пена за гасење пожари.

Пистата на која слетал товарниот авион привремено е затворена за сообраќај, но сообраќајот на останатите писти на аеродромот се одвива без застој, соопшти операторот на аеродромот ИГА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ