недела, 20 октомври 2024

Нов голем протест во Германија: 3.000 трактори и 2.000 камиони го блокираа Берлин

Земјоделците со своите трактори се собраа утринава во Берлин. Пристигнаа од сите краеви на Германија за да се придружат на големиот протест барајќи преиспитување на плановите за зголемување на данокот.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Околу 3.000 трактори, 2.000 камиони и околу 10.000 луѓе се собраа на авенијата која води до Бранденбуршката капија во Берлин на масовниот собир кој ја заокружи неделата протести против владата, пренесува Ројтерс.

Тракторите и камионите се паркирани долж авенијата, а илјадници фармери по студот мавтаат со германски знамиња.

Протестите го засилуваат притисокот на коалицијата на канцеларот Олаф Шолц додека се обидува да го поправи буџетскиот хаос и да ги заузда десничарските сили.

Синоќа полицијата предупреди дека авенијата е веќе полна и ги повика демонстрантите да се соберат на алтернативни локации, вклучувајќи го Олимпискиот стадион во западниот округ Шарлотенбург.

Соочено со жестоко противење владата веќе се сложи дека нема да ги укине даночните олеснувања на новите земјоделски возила, и се согласи укинувањето на субвенциите за дизел горивото во земјоделството да го продолжи на неколку години.

Но земјоделците, со гласна поддршка од опозициските конзервативци и крајната десница, велат дека тоа не е доволно.

„Земјоделците ќе изумрат“, вели фармерот Карл Вилхелм Кампнер.

Владата зазема помирлив став поради загриженоста дека политичката дебата во земјата се радикализира и дека протестите би можеле да прераснат во насилство.

Министерот за финансии Кристијан Линднер треба да им се обрати на демонстрантите од бината поставена пред Бранденбуршката капија, а лидерите на коалициските партии ги повикаа лидерите на протестите на разговор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ