петок, 26 јули 2024

Нов гаф на Бајден: Двапати ги помеша Газа и Украина (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден двапати ја помеша Газа со Украина додека најавуваше дека Соединетите Држави ќе обезбедат очајно потребна помош на палестинската територија разурната од војна. 81-годишниот Бајден вчера потврди дека хуманитарната помош ќе биде доставена во Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Соопштението доаѓа само еден ден откако Министерството за здравство со кое раководи Хамас соопшти дека 30.000 Палестинци починале од почетокот на војната минатиот октомври.

„Во наредните денови, ќе им се придружиме на нашите пријатели од Јордан и другите кои испорачуваат дополнителна храна и залихи од воздух“, рече Бајден.

Тој додаде дека Вашингтон „ќе настојува да отвори и други рути, вклучувајќи можеби и поморски коридор“. Обединетите Арапски Емирати, Египет, Франција, Јордан и Велика Британија веќе испуштаа храна и други залихи од воздух, пишува Скај њуз.

Меѓутоа, американскиот лидер двапати погрешно рече дека помошта ќе биде испуштена во Украина, оставајќи им на претставниците на Белата куќа да разјаснат дека всушност сакал да каже Газа.

Најавата на Бајден дојде за време на средбата со италијанската премиерка Џорџа Мелони.

„Помошта што влегува во Газа не е ни приближно доволна. Сега не е ни приближно доволна. Животите на децата и невините се загрозени. Нема да запреме додека не добијат поголема помош. Треба да испратиме стотици камиони, а не само неколку“, рече Бајден.

Тој, исто така, рече дека се надева дека ќе има договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас до Рамазан, светиот муслимански месец. „Сè уште работиме многу напорно на тоа“, нагласи тој. Тој објасни дека сите страни мора да се согласат, а тоа е „сè уште далеку“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ