сабота, 27 јули 2024

Нов чип за ВИ на Нвидиа, чини од 30 до 40 илјади долари

Американскиот производител на компјутерски чипови Нвидиа соопшти дека следната генерација графички процесор со вештачка интелигенција (ВИ), наречен Blackwell, ќе чини помеѓу 30.000 и 40.000 долари по единица.

Објавено на

часот

Сподели

Извршниот директор Џенсен Хуанг процени дека Нвидиа потрошила околу 10 милијарди долари на трошоци за истражување и развој за споменатите чипови, јави Си-Ен-Би-Си. За чипот најверојатно ќе има голема побарувачка за софтвери за вештачка интелигенција како што е ChatGPT.

Фирмата во моментов има 80% удел на пазарот и се надева дека ќе ја зацврсти својата доминација. За помалку од две години, чиповите H100 на Нвидиа (NVIDIA), кои се користат од речиси секоја компанија за вештачка интелигенција во светот за обука на големи јазични модели кои ги напојуваат услугите како ChatGPT, ја направија една од највредните компании во светот. Во понеделникот, NVIDIA ја објави платформата од следната генерација наречена Blackwell, чии чипови се меѓу седум и 30 пати побрзи од H100 и користат 25 пати помалку енергија.

Новиот графички процесор ќе има цена во сличен опсег на неговиот претходник, H100, кој чини помеѓу 25.000 и 40.000 долари по чип.

Генерацијата „Hopper“ беше претставена во 2022 година и беше значително поскапа од претходната генерација на чипови со вештачка интелигенција на Нвидиа.

Американскиот производител на чипови најавува нова генерација чипови со вештачка интелигенција приближно на секои две години, а најновите, како оние на Блеквел, се побрзи и енергетски поефикасни, се комбинација од два чипови и се физички поголеми од претходната генерација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ