сабота, 11 јануари 2025

Нов АСНОМ: Помошта на САД во судството е доказ дека помош не ни треба

Објавено на

часот

Сподели

„Фактот што САД признаваат дека имаат потрошено пола милјарди долари во разно-разни т.н. судски реформи. а притоа резултатот е никаков, потврдува дека нам, странците и нивните фушерски решенија, не ни се излез од нашево корумпирано судство. Напротив, САД со вакви писма упатени до Судскиот совет само сакаат да влијаат врз судски случаи кои имаат политичка позадина и со тоа да ја обликуваат политичката реалност во Македонија. Целта на САД како и до сега, е моделирање на македонскиот политички блок според нивните потреби, оставајќи го албанскиот политички блок недопирлив, затоа што истиот е 100% сервилен кон нив.  

Досега немаме осудено албански политичар за корупција во земјава, ниту пак амбасадата на САД има пратено писмо до судските власти на оваа тема.  

Излегува дека политичарите на ДУИ, кои владеат 20 години, се примерни антикоруптивни политичари со одлични антикоруптивни манири. 

Решенитето во судскиот систем во Македонија треба да биде автохтоно и произлезено од наши домашни експерти кои добро ги познаваат добрите и лошите страни на македонското судство, за да се достигне целосно независно судство отпорно на надворешни и внатрешни влијанија.
Македонија има одлични експерти кои можат да донесат соодветни, вистински и рационални законски решенија во судството. Но нема политичка воља тие експерти да се ангажираат и решенијата да се применат. Се замајува јавноста со т.н. европска агенда која ќе ни донесела подобро утре, а притоа се користи европското знаменце во парламентот да се носат коруптивни закони. Пример е  случајот ‘Бехтел и Енка’.  
Предлозите на професорот Миодраг Лабовиќ презентирани во неговата научна студија, ‘Системско владеење на правото против системската корупција и организираниот криминал’ се добра основа за вистински реформи во Судскиот совет. Ова подразбира менување на 3-5 членови од Уставот како и законски измени во Законт за Судскиот совет.  Потребни ни се коренити и вистински праведни промени во судството, промени за кои сегашните политички елити не се подготвени да ги имплементираат“, се вели во соопштението на  Нов АСНОМ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ