сабота, 27 јули 2024

Нов АСНОМ: Македонија од Бугарија треба да бара воени репарации за штетите од Втората светска војна

Објавено на

часот

Сподели

„Како базичнана и појдовна сума ја земавме сумата од 25 милиони долари која Република Бугаријаја прифати да ги плати како репарации кон Југославија кога го потпиша Бледскиот Договор на 1 август 1947 година во Блед, Република Словенија. Сумата од 334.266.677 милиони американски долари ја добивме откога ги пресметавме инфлаторните трошоци од 1 август 1947, па се до денеска и за тоа го користевме инлфаторниот калкулатор на Министертсвото за труд на САД.  

Предлагаме да се донесе закон кој строго ќе го утврди трошењето на овие сресдства во развојот на недоволно развиени подрачја и одредени инфрастуктурни проекти кои ќе бидат распределени на следниов начин: 40% од парите да се користат за реновации на болничките центри и            вработување во болничките центри во источниот и јужниот регион, 30% од средствата да се искористат за изгрдадба на пречистителни станици во Битола, Охрид и Струмица и 30% од средствата да се користат за реновирање на школите низ Републиката“, се вели во соопштението на организацијата Нов АСНОМ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ