сабота, 27 јули 2024

Нов АСНОМ: Каков е тој стратешки партнер, а се заканува?

Објавено на

часот

Сподели

„Македонските граѓани оправдано се прашуваат каков е тој стратешки партнер кој се заканува и поставува ултиматуми и кој не ја препознава и почитува огромната посветеност на Македонија кон евроатланските интеграции и европскиот пат, но и болните отстапки што се направени во таа насока. Зошто тие немаат чувство за валоризирање на тешките одлуки и политички отстапки што Македонија, на своја штета ги направи за напредување во евро-атлантските интеграции?

Сенаторот Марфи треба да знае, навистина да знае, дека нашиот пат кон ЕУ е премногу долг и дека нивните стратешко-пријателски „совети“, за уставните измени што треба Македонија да ги направи до крајот на годинава, а кои ни ги наметнаа како обврска по ќејфот на нашиот источен сосед – најсиромашната членка на ЕУ, до срж болат и ја параат душата на секој вистински Македонец.

Го потсетуваме сенаторот Марфи дека Македонија заглави во европската интеграција како резултат на неисполнувањето на обврските кои Западот, чиј предводник е САД, ги имаше кон нас. САД и ЕУ на Македонија ѝ ветија почеток на преговорите со ЕУ ако го промениме уставното име, нашето вековно име, Република Македонија. Оваа политичка гарнитура, ја свитка кичмата, името го дадоа, против слободумната воља на народот, изразена на 30 септември 2018. САД и ЕУ и Западот во целина, даденото ветување за почетокот на  преговорите на Македонија со ЕУ,  не си го исполнија.

Со ова се потврдува дека на Западот не треба да му се верува, дека Западот не ги исполнува своите договори со своите сојузници и стратешки партнери и дека, Западот е нестабилен наш сојузник.

Кога на сето ова ќе ги додадеме и срамните идентитетски уцени содржани во францускиот предлог, тогаш апсолутно е јасно зошто е огромна и оправдана нашата тотална скептичност према понудениот пат кон ЕУ.  

Јасно и гласно го отфрламе вака понудениот т.н. пат кон ЕУ каде што ние-Македонците, треба самите да се откажеме од себе си. Сметаме дека сплотеноста и единството на Македонците, сега како никогаш досега во историјата, треба да биде силно и нескршливо и дека тоа ќе е формулата за формално отфрлање на Договорот со Бугарија и на Преспанскиот договор и враќање на името Република Македонија онака како што кажува нашата воља изразена на два референдума 8 Септември 1991 и 30 Септември 2018.

Нашата нација има квалитетни кадри што ќе предложат вистински реформи за напредок на македонската држава каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности за просперитетен живот во здрава животна средина, а идни генерации Македонци, својата иднина да ја градат во современа и вистински демократска држава – Република Македонија“, се вели во соопштението на организацијата Нов АСНОМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ