сабота, 27 јули 2024

Нов АСНОМ: Изборен законик против независни листи

Здружението Нов АСНОМ го осудува изменувањето на членовите 61 и 62 од Изборниот законик со кој се наметна нов услов за учество на  независна листа за советници, градоначалници и пратеници со собирање потписи од 1% од избирачите во Избирачкиот список во изборната единица, општината, односно Градот Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Најпогодени од овој закон се независните листи за советот и на градоначалникот на Град Скопје кои ќе треба да соберат 4.630 потписи за да се најдат на избор за градоначалник или пак за советник во градското собрание. Како и за независните листи за парламентарни избори каде во просек се потребни околу 2.800 потписи, во зависност од изборната единица, за да се најдат како кандидати за прламентарни избори.

Со оглед дека за формирање на политичка партија која може да настапи на локални или парламентарни избори потребни се 1.000 заверени потписи, новиот закон ги става независните кандидати во подредена, нееднаква положба. Ове измени на избирачкиот законик се директен напад врз демокртијата, слободубедувањето, независниот активизам и љубовта која независните кандидати ја имаат сакајќи да имплементираат позитивни промени во нашата татковина Македонија. Независните кандидати се чистата и некорумпирана цврста политичка сила која може вистински да влијае врз политичките движења во ова наше политичко корумпирано општество.

Свесни сме дека партиите на власт и во опозиција се уплашени од независните кандидати, кои на минатите локални избори добија вкупно 65.308 гласа и 67 советници кои се појавија во 34 општини од 80 општини во државава. Уште еднаш се потврдува фактот дека големите партии соработуват меѓу себе за да си го сочуваат својот политички комодитет додека пред нас глумат спротивставеност, анимозитет и нетрпеливост. Со ваков Изборен законик, партиската политичка хегемонија се зацврстува и потенцијалната изборна партиска неказнивост се зајакнува на сметка на независните листи кои можат да испорачаат вистинска политичка казна на избори.

Молкот на ОДХР и на ОБСЕ кажува многу за нашите надворешни т.н. политички партнери кои молчејќи ги поддржуваат овие недемократски измени.

Сметаме дека Изборниот законик треба да овозможува еднаквост во можноста за политичко делување на поединци, здруженија или пак постоечките партии. Новиот изборен законик не овозможува еднаквост во политичкото делување и ги става независните кандидати за пратеници и советници и градоначалник во Скопје во подредена положба и затоа сметаме дека истиот треба да се смени. Решенијата содржани во минатиот изборен законик донесен во 2021 се доволно добри за да потикнат независно делување на независните кандидати и враќање на истите е вистинско решение за потикнување на изворната демократија, слободумност и активизам во Република Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ