Македонските ракометари од 20.15 часот со спортската сала во Ниш ќе го играат клучниот меч за опстанок на ЕП и за билет за втората фаза во Белград на еврошампионатот против Чешка. Само победа е опција за понатамошен пласман за репрезентативците, кои како и целата јавност, овојпат се надеваат дека од Норвежаните ќе добијат далеку по изедначен критериум во судењето од арбитрите, во однос на претходните два дуели со Шведска и Германија.
Словенците Крстиќ и Љубиќ ќе ја делат правдата на дуелот Шведска – Германија од 18.15 часот во нашата група, кој исто така има значење, ако ние ја победиме Чешка, затоа што триумф на Швеѓаните и наша победа, ќе ни овозможи три бода во следната група.
Во А-групата, Србија против Словачка ќе одмора за втората фаза и ќе игра само формално, па судии на мечот се Русите Золтин и Володков, додека мечот за распределба на бодови за втората фаза помеѓу Данска и Полска ќе ја судат Исланѓаните, Леифсон и Палсон.