сабота, 27 јули 2024

Норвешкиот парламент одобри рударење на морското дно

Норвешкиот парламент даде денес зелено светло за истражување на минералите во арктичкото морско дно, во согласност со договорот постигнат меѓу владата и клучни опозициски партии во декември, и покрај приговорите на климатските активисти.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката доаѓа во момент кога Норвешка се надева дека ќе стане првата земја која ќе почне рударење во длабокото море во комерцијални размери и ќе обезбеди клучни минерали и работни места и покрај загриженоста околу влијанието врз животната средина и меѓународните повици на мораториум.

Сè уште не се знае кога би можело да почне истражувањето, иако планот е на компаниите да им се доделат ексклузивни права на истражување и потенцијално извлекување од одредени подрачја по постапката на пријава.

Процесот ќе биде формиран според оној воспоставен за истражување на нафта и гас во Норвешка, додека за прашањата како оданочување ќе се расправа во подоцнежна фаза, кажал политичар за Ројтерс.

„Ќе видиме дали тоа може да се направи на одржлив начин и тоа е чекорот кој сега го преземаме“, кажа министерот за енергетика Терје Асланд во парламентот.

Изменетата верзија на владиниот предлог, за која се расправаше денес, поставува построги барања за испитување на влијанието на околината за време на фазата на истражување отколку што било првично замислено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ