сабота, 27 јули 2024

Норвешкиот министер достави документи за признавање на Палестина

Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде денеска во Брисел му ги предаде дипломатските документи на палестинскиот премиер Мухамед Мустафа, што е последниот потег на оваа скандинавска земја со цел признавање на Палестина.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Мустафа во понеделник во главниот град на Белгија ќе се сретне со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија и со високи претставници на Унијата.

Ирска и Шпанија, како и Норвешка, најавија признавање на Палестина, што е исто така историски потег што ја зголемува изолацијата на Израел, по повеќе од седум месеци војна против Хамас во Газа.

Официјалното признавање од страна на Норвешка, Шпанија и Ирска, кои имаат пријателски односи и со Израелците и со Палестинците и долго време се залагаат за палестинска држава, се планира за четврток.

Одлуката на трите земји е добредојден поттик во поддршката за палестинските функционери кои со децении се обидуваат да основаат држава во Источен Ерусалим, Западниот Брег и Појасот Газа, територии што Израел ги зазеде во шестдневната војна во 1967 година и кои сè уште ги контролира.

Повеќе од 140 земји, или повеќе од две третини од членките на ОН, ја признаваат палестинската држава, но повеќето од 27-те членки на ЕУ не ја признаваат. Неколку најавија признание, но „кога ќе има услови“.

ЕУ, САД и Велика Британија, меѓу другите, ја поддржуваат идејата за независна палестинска држава, но велат дека тоа треба да биде дел од договорот постигнат преку директни преговори.

На доставувањето на документот во петокот му претходеше наредба на највисокиот суд на ОН Израел веднаш да ја прекине воената офанзива во градот Рафа на југот на Појасот Газа.

Пред тоа, главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд побара налог за апсење на израелските лидери, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху и претставници на Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ