сабота, 27 јули 2024

Норвешка одобри директна продажба на оружје и одбранбена опрема на Украина

Норвешка одобри директна продажба на оружје и одбранбена опрема за Украина и соопшти дека промената на политиката стапила на сила на 1 јануари, јавува Анадолија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за надворешни работи Еспен Барт Ајд ја истакна важноста од поддршката на Украина за норвешката и европската безбедност.

„Во вонредната безбедносна ситуација која е резултат на руската агресорска војна, од клучно значење е да продолжиме да ја поддржуваме Украина. Поддршката на Украина е важна за норвешката и европската безбедност“, рече Ајд.

Министерот за одбрана Бјорн Арилд Грам рече дека Норвешка ќе издвои различни видови опрема за да ја олесни важната улога на „одбранбената индустрија во тековната ситуација во безбедносната политика“.

Извозните дозволи за директна продажба ќе бидат дозволени само на индивидуална основа и ќе бидат ригорозно проценети во строгата и одговорна рамка според прописите за контрола на извозот на Норвешка, соопшти Министерството за надворешни работи.

Нордиската земја исто така вети дека ќе обезбеди дополнителна поддршка за Украина за зајакнување на нејзината противвоздушна одбрана и финансиска помош за земјата разорена од војна да го зголеми производството на муниција, како и да обезбеди финансиска поддршка за здравствениот и образовниот сектор.

Премиерот Јонас Гар Сторе рече дека Норвешка ќе ја поддржи Украина со 1,8 милијарди долари воена и хуманитарна помош до крајот на 2023 година за време на Самитот на нордиските земји на 13 декември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ