вторник, 21 мај 2024

Норвешка ја зголемува воената помош за Украина

Норвешка оваа година ќе ја зголеми воената помош за Украина за седум милијарди круни (околу 590 милиони евра), на 22 милијарди круни (1,9 милијарди евра), најави премиерот Јонас Гар Сторе.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Парите за тоа доаѓаат од прераспределбата на повеќегодишната помош од 75 милијарди круни на Норвешка за цивилна и воена поддршка на Украина од 2023 до 2027 година.

„Прашањето е живот или смрт за населението во Украина“, им кажа на новинарите премиерот Сторе опишувајќи ја лошата ситуација за украинската војска на фронтот.

Норвешкиот премиер за помошта се договорил со лидерите на опозицијата, а додаде дека тоа е и прашање на безбедноста и стабилноста на Европа, а со тоа и на Норвешка.

Поголемиот дел од парите се наменети пред сè за противвоздушната одбрана и артилериската муниција кои ѝ недостигаат на Украина пред руската офанзива.

Од првичните 75 милијарди круни од повеќегодишната програма, Норвешка до крајот на 2024 ќе искористи околу 39,5 милијарди круни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ