сабота, 27 јули 2024

Норвешка, Ирска и Шпанија денеска ја признаваат палестинската држава

Владата на Норвешка денеска ќе објави дека нордиската земја ја признава независната палестинска држава, објавија норвешкиот јавен сервис НРК и дневниот весник Афтенпостен, повикувајќи се на неименувани извори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Норвешкото Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето за коментар, објави Ројтерс.

Владите на Ирска и Шпанија денеска исто така ќе соопштат признавање на палестинската држава, изјави синоќа извор запознаен со ова прашање.

И членките на Европската Унија, Ирска, Словенија и Малта во последните недели изјавија дека имаат намера да ја признаат Палестина, тврдејќи дека решението со две држави е клучно за траен мир во регионот.

Во вторникот Норвешка стана првата европска земја која соопшти дека ќе го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог по него.

Ирската влада синоќа најави дека премиерот Сајмон Харис ќе одржи прес-конференција во среда претпладне, но не беше откриено која ќе биде темата на разговорот.

Харис пред неколку дена најави дека Ирска ќе ја признае палестинската држава до крајот на месецот. Премиерот нагласи и дека не сака да види прекин на дипломатските односи со Израел како резултат на потегот кој би бил многу контроверзен.

„Она што се случува сега во Газа е неподносливо, а она што може да се случи во Рафа е несовесно и треба да престане“, рече тој во неделата.

„Ирската позиција е конзистентна по ова прашање. Владата има намера да ја признае државата Палестина овој месец. Очигледно се надеваме дека ќе го направиме тоа со некои други земји“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ