сабота, 27 јули 2024

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани

Почнувајќи од следната недела, Норвешка ќе ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани, соопшти денеска норвешката влада.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„На руските државјани што влегуваат во Норвешка за туристички и други несуштински цели ќе им биде одбиен влезот во Норвешка кога ќе ја преминат границата“, се вели во документот објавен на веб-страницата на норвешката влада.

Новите правила стапуваат во сила на 29 мај, а важат и за оние што добиле виза од други земји од Шенген-зоната.

Од овие ограничувања се изземени оние што доаѓаат да ги посетат блиските роднини кои живеат во Норвешка, како и за работа или студирање.

„Норвешките власти будно ја следат состојбата на границата и на граничниот премин Сторски и се подготвени да преземат мерки доколку има потреба“, се наведува во соопштението.

Европската Унија во септември 2022 година го суспендираше договорот за олеснување на визниот режим со Русија, што го направи добивањето шенген-визи подолго, потешко и поскапо.

Покрај тоа, на земјите што граничат со Русија им е дозволено да им го ограничат влезот на Русите на национално ниво.

Потоа, Полска, Литванија, Летонија, Естонија и Финска ги затворија своите граници за руските туристи.

Норвешка не е членка на ЕУ, но учествува во Шенгенскиот договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ