четврток, 26 декември 2024

Норвешка е подготвена да ја признае палестинската држава

Норвешка е подготвена да ја признае палестинската држава во соработка со други земји, изјави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе во присуство на својот шпански колега Педро Санчез, кој се залага за такво признавање.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Норвешка е подготвена да донесе одлука за признавање на палестинската држава. Таа одлука мора да се донесе врз основа на времето и контекстот, во тесна соработка со земјите истомисленички. Не одредивме конкретен датум“, изјави Сторе во Осло на заедничката прес-конференција со Санчез.

Во ноември, норвешкиот парламент усвои предлог со кој се бара од владата да биде подготвена да ја признае независната палестинска држава.

Норвешка исто така беше домаќин на првите израелско-палестински мировни преговори на почетокот на 1990-тите, кога беше постигнат договор, но не беше спроведен, за мирен соживот меѓу двете независни држави.

Шпанскиот премиер оваа недела тргна на турнеја низ Полска, Норвешка и Ирска за да разговара за „потребата од придвижување кон признавањето на Палестина“.

„Шпанија е јавно посветена да ја признае палестинската држава што е можно поскоро, кога ќе бидат поволни условите за тоа и на начин што ќе има најсилно можно позитивно влијание врз мировниот процес“, рече Санчез во Осло.

Според шпанските медиуми кои го придружуваа Санчез на минатонеделната турнеја во Јордан, Саудиска Арабија и Катар, премиерот на Шпанија тогаш го спомена крајот на јуни како можен датум за признавање на Палестина.

„Ја поздравувам иницијативата на премиерот Санчез да се консултира со истомислениците за да се зајакне координацијата и ние ќе ја зајакнеме оваа координација во наредните недели“, рече норвешкиот премиер.

Санчез инаку е многу критичен кон односот на израелската влада на чело со Бенјамин Нетанјаху од почетокот на конфликтот во Газа.

Војната меѓу израелските сили и палестинското движење Хамас започна на 7 октомври во Појасот Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ